December 9, 2019 03:37
Македонија

Арсовски: Ветингот треба да го врши Влада која што нема инкриминирани дејствија

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски смета дека треба да има ветинг, но да го врши Влада која не е искомпромитирана, коментирајќи на новинарските прашања кков е ставот на партијата по најавата на власта дека нема да има застарување на делата.

-Најпрвин парцијално да ви одговорам во однос на застарувањето на делата. Во СДСМ, внатре малку се конфузни. Заев бара преиспитување на уставноста на членот 353 од Кривичниот законик, додека пак Кирацовски бара да нема застарување на делата. Така да, нека се преиспитаат за што се, и да не бидат толку конфузни. Сепак тоа се работи за уставна измена, потребна е уставна иницијатива за да се отвори Уставот и веднаш потоа да се разгледува, што и како ќе се менува во Законот. Во однос на ветингот, апсолутно е потребен е ветинг. Да, не речам во секое време, меѓутоа треба да се опфати ветинг не само за сегашните или за оние именувани лица во правосудството, туку треба да се отпочне ветинг буквално за сите претходно. Но и да се отпочне ветинг и за сите политичари во Република Македонија. Бидејќи, сепак ветингот треба да го врши Влада која што нема инкриминирани дејствија. Така, да еве ние апелираме да се отпочне и со ветинг за политичарите, буквално за секој еден политичар кој што бил на функција или во моментот е на функција, или ќе следи на функција, рече Арсовски.

Тој повтори дека би го подржале ветингот во правосудството, меѓутоа, ветинг кој што ќе ги опфати и политичарите, а не само одредена структура на вработени  во институција.

-Затоа што сепак ветингот треба да го прават луѓе кои што немаат инкриминирачки дејствија. Во моментов ветинг предлага влада која што да не речам до гуша е заглавена во секакви криминалии и разно разни обвинителски постапки кои што се отворени, но сепак се застарени благодарение на обвинителството. Така, да потребен е ветинг и на политичари и на оние што биле на функции и оние што во моментов се на функција, но и оние кои што треба да дојдат на функција. Како што реков, најпрвин нека се договорат внатре во партијата, Зоран Заев и Кирацовски. Бидејќи многу конфузно настапуваат. Едниот е за едно, другиот е за друго. Бидејќи сепак тоа е отворање на Устав, сите работи за уставна иницијатива, и треба да го видиме целосниот предлог како ќе треба да биде приложен во Собранието. Па веднаш потоа ќе разговараме, рече Арсовски.

 

Нови вести

Ветеринарната комора апелира да се искористат бенефициите за бесплатно чипирање на домашните миленици

zane

Пендаровски: Во очи влезот на НАТО може да очекуваме политичка пропаганда и „фејк њуз”

zane

Магла на патот Страцин – Крива Паланка и во Кичево

zane