December 1, 2021 22:59
Скопје

Арсовска ја назначи Бујаре Абази за заменик-градоначалничка

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, ја назначи Бујаре Абази за нова заменик-градоначалничка.

Арсовска денеска свечено го врачи решението, при што на средбата со Абази дискутираа за идната соработка и за предизвиците со кои се соочува градот.

Бујаре Абази е дипломиран инженер на Факултетот за комуникациски науки во Загреб, а има и дополнително високо образование како дипломиран економист.

Абази е избрана за член на Советот на Град Скопје на локалните избори што се одржаа во октомври.