June 26, 2022 06:40
Скопје

Арсовска мисли дека бесплатен јавен превоз е приватните превозници да возат бесплатно за ЈСП

Изјава за медиуми на СДСМ, Лилјана Божиновска, советничка во Советот на Град Скопје

Почитувани,

Поради неспособноста на Данела Арсовска од денеска целата општина Шуто Оризари е отсечена од јавниот автобуски превоз.

Три месеци Градот предводен од Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ не исплаќа надомест кон приватните превозници, па затоа тие денес решија да престанат со возење на линиите кои ги опслужуваат.

Со тоа се десеткуваше возниот ред на автобусите, а кон Шуто Оризари автобуси речиси и не сообраќаат биде со линиите „19″ и „20″ располагаат приватните превозници.

Во време на економска криза, Арсовска не ги исплаќа своите обврски, а десетици илјади граѓани се оставени без автобуски превоз и имаат дополнителни трошоци за да стигнат до своите работни места.

Арсовска докажа дека не е способна да го менаџира и актуелниот систем на јавен превоз, а не пак да набави нови 250 автобуси и да воведе бесплатен јавен превоз.

Или Арсовска можеби мисли дека бесплатен автобуски превоз подразбира приватните превозници да водат бесплатно за ЈСП и Град Скопје?

Шест месеци потроши Арсовска од мандатот а не само што не реализира ниту еден проект, туку прекина и важни проекти од нејзиниот претходник.

Освен за личните и интересите на ВМРО-ДПМНЕ, Арсовска не се грижи за ништо, ги заборави граѓаните, а градската администрација и јавните претпријатија ги наполни со партиски војници на ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

Арсовска дефинитивно е најнеуспешниот градоначалник на Скопје и најголемо разочарување за скопјани.

https://tai.go88.is/

link sunwin link tải sunwin cho ios pro plus tải game sunwin