December 9, 2021 02:21
Скопје

Арсовска како Груевски ветуваше милијарди инвестиции, а успеа да го донесе само туристот Субрата Рој

Со своите нереални ветувања, Данела Арсовска почнува да наликува на Никола Груевски кога предизборно ветуваше 8 милијарди евра инвестиции, а успеа да го донесе само туристот Субрата Рој, се вели во реакцијата на градската организација на СДСМ по повод изјавите на прес-конференцијата од Данела Арсовска, кандидат за градоначалник на Скопје поддржан од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Ветувањата на Арсовска за бесплатен јавен превоз со 250 еко-автобуси, мега-парковите, а сега и иновативен парк, наликуваат на ветувањата на Субрата Рој дека ќе донесе 20.000 крави во Џумајлија, дека ќе направи „Лас Вегас“ во Љубаништа и дека ќе донира милионски споменик на „Мајка Тереза“ во Скопје.

Од сето тоа не видовме ништо, освен еден кич „мировен фестивал“ на кој Никола Груевски и Субрата Рој го промовираа барокното „Скопје 2014“. Скопјани многу добро ги знаат иновации на ВМРО-ДПМНЕ: пиратските галии, жалните врби и прскалките во Вардар, палмите, градските плажи на Коце и стотиците милиони евра инвестирани во бетонски парк од споменици, кој Арсовска вети дека редовно ќе го одржувала.

Наместо да ја замајува јавноста со нови имагинарни паркови, Арсовска и должи одговор на јавноста колку чини еден кинески електричен автобус како тој што го објави на нејзината страница. Дали Арсовска упорно избегнува да одговори затоа што електричниот автобус од 18 метри чини околу 800 илјади евра, а 250 такви автобуси околу 200 милиони евра? Зошто Арсовска продолжува да ја манипулира јавноста дека толку пари за прескапи кинески автобуси може да се обезбедат ВЕДНАШ од европски фондови?

Наместо да даде одговори на новинарски прашања за тоа колку ќе ги чинат скопјани нејзините „проекти“, Арсовска со манирите на Мартин Протуѓер и Илија Димовски секојдневно им држи лекции на новинари што да прашуваат и кои теми да ги работат.

Скопјани веќе не наседнуваат на нереални ветувања, утописки проекти и не сакаат враќање во мрачното тоталитарно минато кога политичарите од ВМРО-ДПМНЕ не одговараа пред јавноста и бегаа од дебати.

Арсовска ќе биде казнета на 17 октомври од скопјани поради потценување на нивната интелигенција, бегањето од дебати и избегнувањето да даде одговор за лесните ветувања, такви какви што ги даваше Субрата Рој.

 

watch anime online. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

anime stream Attack on Titan Season 2 (Dub)

AniWatch DON'T TOY WITH ME, MISS NAGATORO

anime website Bleach (Dub)

That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2

AniWatch Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation Part 2