June 26, 2022 16:48
Скопје

Арсовска за сообраќајниот хаос: Да се исклучат семафори без најава со часови е крајно несериозно

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска се огласи за денешниот сообраќаен хаос во главниот град на државата. Како што стои во нејзината објава на социјалната мрежа Фејсбук, Арсовска смета дека исклучувањето на семафорите без најава со часови е крајно несериозно.

– Да се исклучат семафори без најава со часови за да се направи сообраќаен хаос е крајно несериозно. Сообраќајот е ист како и други денови и нема основа објаснувањето дека дождот е причината за денешната слика од улиците во Скопје каде со часови патуваа до своите домови. Градот Скопје ќе побара објаснување од МВР за причината за предизвикување на денешниот сообраќаен хаос, пишува Арсовска.

https://tai.go88.is/

sunwin- game đánh bài online kéo sunwin hướng dẫn soi cầu tài xỉu sunwin