October 29, 2020 00:45
Спорт

Арсенал потпиша исландски репрезентативец

Арсенал го донесе репрезентативниот голман на Исланд, Рунар Алекс Рунарсон од француски Дижон со трансфер вреден 1,5 милиони фунти.

Дваесет и пет-годишниот Рунарсон официјално го парафираше договорот со тимот од Лондон во следните четири сезони.

Исланѓанецот ќе биде резерва на „Емиратите” на актуелниот носител Бернд Лено по заминувањето на Емилијано Мартинез во правец Астон Вила.

Рунарсон е третото летно засилување во Арсенал по бразилскиот дефанзивец Габриел и неговиот сонародник во средниот ред Вилијан.