December 7, 2022 21:50
Спорт

Арсенал не го дава врвот: Тотенхем падна на „Емирати“

Арсенал ја оствари седмата победа во Премиерлигата совладувајќи го Тотенхем во лондонското дерби со 3:1. Тимот на Микел Артета со 21 бод се наоѓа на врвот на табелата.

Томас Парти донесе предност за „топчиите“ со прекрасен гол од 20 метри во 20.минута. Тотенхем израмни преку Хари Кејн од пенал во 31.минута, но тоа беше се од Тотенхем на овој меч.

Габриел Жесус во 49.минута донесе нова предност за Арсенал, а гостите останаа со фудбалер помалку во 62.минута по исклучувањето на Емерсон Ројал.

Точка на триумфот стави Гранит Џака со погодокот во 67.минута од дуелот.