December 5, 2021 11:18
Спорт

Арсенал благодарение на Лаказет извлече бод со Кристал Палас

Французинот Алесандре Лаказер го спаси поранешниот англиски првак Арсенал од нов срам на „Емирати“ откако во 95-та минута даде гол за бод на „топчиите“ во малата лондонска пресметка со Кристал Палас (2-2) во последниот меч од осмото коло во Премиерлигата.

Откако Кристал Палас направи пресврт и дојде на чекор до победата, Лаказет беше побрз од судијата за да погоди во судиското надополнување и да не дозволи четврти сезонски пораз на лондонскиот гигант, па сега Арсенал врза две ремија во серија, после трите победи во низа.

Пјер Емерик Обемејанг уште по осум минути игра даде гол за водство на Арсенал и сѐ најавуваше дека „топчиите“ ќе запишат нова победа, ама во вториот дел наместо кон триумф отидоа во пораз. Прво Кристијан Бентеке по пет минути во вториот дел израмни (50-та минута), а Одсон Едуард во 73-та минута донесе комплетен пресврт и водство за Кристал Палас.

Кога сите очекуваа шокантен пораз на Арсенал, Лаказет, кој во 67-та минута влезе во игра, ја спаси четата на Микел Артета од нова бламажа.

Арсенал со бодот сега дојде со 11 на контото, колку што има и Лестер, за 12-то место на табелата, додека Кристал Палас, чија серија на ремија продолжи на три во низа стигна до осум бода на 14-та позиција.