March 25, 2019 21:50
Свет

Армијата изврши државен удар во Габон

Во Габон армијата соопшти дека извршила државен удар, а на улиците на главниот град Либервил има тенкови и други вооружени возила.

На програмата на државната телевизија на Габон се појавија војници и соопштија дека е извршен државен удар со цел, како што трвдат,  враќање на демократијата.

На програмата се појави војник кој прочита соопштение во кое се наведува дека армијата ја презела контролата врз Владата.

Жителите на Либервил изјавиле дека на улиците во градот има тенкови и вооружени возила.

Претседателот на Габон Али Бонго, кој на функцијата е од 2009 година, е вон земјата од октомври, а постои сомнеж дека доживеал мозочен удар.

Тој на жителите на Габон им испратил новогодишна порака од болница во Мароко.

Нови вести

Најмалку 10 ракети истрелани од Газа кон Израел

Filip

Венцуела повторно во мрак

Filip

Авион по грешка слетал во друга држава

Filip