April 20, 2021 19:38
Македонија

Аријанит Хоџа ќе постапи по укажувањата на Антикорупциска, вели Заев

Премирот Зоран Заев изјави дека добил потврда од министерот за земјоделство, шумарство и водостаопанство Аријанит Хоџа дека тој има намера да постапи согласно укажувањата на Државната комисија за спречување на корупција во однос на управувањето со неговата семејна фирма.

-Арјанит Хоџа ме информираше во петокот на пат кон Богданци дека има намера да постапи по укажувањето. Ние секогаш сакаме согласно сите укажувања на ДКСК да постапиме. Тој испрати апел до мене како претседател на Влада, Владата веднаш да постапи по укажувањето, испорачавме соодветно на законот и согласно тоа и тој лично да си постапи по укажувањето, односно ако се сеќавам после неговото назначување на функцијата министер сопругата ја има ставено да биде управител на нивната семејна фирма каде што по законот вика близок член на семејството е недозволиво, значи мора да стави друг управител. Ме информира дека тој лично ќе постапи, а секако испрати апел и до мене како претседател на Владата и Владата да постапи согласно укажувањата на ДКСК, вели Заев на новинарско прашање по сведочењето за предметот „Титаник”

Антикорупциската комисија отвори постапка против Хоџа бидејќи во неговата семејна фирма по стапувањето на функциите, поставил блиско лице, односно сопругата да управува со компанијата, со што го прекршил законот кој тоа го забранува.

ANIMEFLIX dragon ball super animeflix: Watch That Time I Got Reincarnated as a Slime (Dub) Episode 24 (https://animeflix.nl/m/N0Zv/ep-24)

AnimeDao animes online: Watch Boku no Hero Academia 5th Season Episode 2 (https://animedao.nl/m/OdNR/ep-2)