July 21, 2019 02:35
Свет Свет

Арета должи повеќе од 6 милиони долари за данок, а ја ограбија пред смртта

„Кралицата на соулот” Арета Френклин почина на 77 години во август 2018 година, а неколку месеци подоцна се дозна дека некој ја ограбил пред нејзината смрт, пишува „ТМЗ“. Според законските документи што ги примиле, било откриено дека полицијата во Мичиген ја испитува кражбата на имотот на Арета.

Крадецот неовластено ги користел нејзините финансиски средства, но сè уште не е познато колку пари всушност исчезнале. Инаку, финансиите на Аретин се под микроскоп откако умре. Службата за внатрешни приходи тврди дека пејачката должи 6,3 милиони долари за враќање на данок.

Инаку, Арета со години се бореше со рак на панкреас и најпосле ја изгуби битката. Таа ги остави зад себе синовите Кларенс Френклин (63), Едвард Френклин (61), Тед Вајт Џуниор (54) и Кекалф Канингам (48).

„Кралицата на соулот” не остави тестамент, што ги изненади многумина бидејќи Кларенс е со посебни потреби, па му е потребна финансиска, но и друга поддршка. Затоа, нејзините синови ќе го расподелат имотот подеднакво меѓу себе.

Нови вести

Порторико: Во операција под назив „Косово“ уапсени шверцери на хероин и кокаин

Daniela

Расте напнатоста поради запленетиот танкер, британски министер го предупреди Иран

Daniela

Во Хонгконг откриена лабораторија за експлозив непосредно пред најавените масовни протести

Daniela