June 28, 2022 04:51
Свет

Арестович: Одлучувачки момент во битката за Северодонецк и Лисичанск

Советникот на украинскиот претседател, Алексиј Арестович денеска изјави дека битката за источните градови Северодоњецк и Лисичанск достигна „страшен врв” и оти руските сили наскоро би можеле да ги опколат градовите и да ги отсечат од украинската територија.

– Постои закана дека Русија ќе победи на тактички план, но тие сè уште не го направиле тоа, истакна Арестович.

Претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Москва дека се обидува да го уништи регионот на Донбас.

– Имаше масовни воздушни и артилериски напади во Донбас. Целта на окупаторите овде е непроменета, тие сакаат чекор по чекор да го уништат целиот Донбас, истакна изјави Зеленски во своето ноќно видеообраќање.

Тој повторно испрати порака до западните лидери да ја забрзаат испораката на тешка артилерија до неговите војници.

– Повторно и повторно ја нагласуваме важноста од побрза испорака на оружје во Украина. Треба да воспоставиме паритет на бојното поле што е можно поскоро за да ја запреме оваа ѓаволска армија и да ја потиснеме надвор од границите на Украина, посочи Зеленски.

choi go88 online nhà cái go88 ở đâu go88 đánh bài đổi thưởng

https://tai.sunwin.gg/