November 27, 2021 18:03
Свет

Ардерн: Нов Зеланд ќе ги ублажи мерките кога ќе биде вакцинирано 90 отсто од населението

Премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн денеска нагласи дека земјата ќе стави крај на заклучувањето и строгите мерки наметнати поради пандемијата на коронавирусот само кога 90 отсто од населението ќе биде целосно вакцинирано.

-На крајот, најдовме рамнотежа помеѓу желбата да се отвориме повторно брзо, но луѓето се уште да бидат безбедни, рече Ардерн на прес-конференција.

Досега, 68 проценти од жителите на Нов Зеланд биле вакцинирани со две дози, додека 86 проценти добиле единечна доза. Откако ќе се исполни целта за 90 проценти целосна вакцинација на населението, земјата ќе се пресели во нова рамка за заштита од Ковид -19 што ќе обезбеди излез од заклучувањето и ќе овозможи повторно отворање на бизниси и настани, рече Ардерн. -Целосно вакцинираните луѓе ќе можат повторно да се соберат со семејството и пријателите, да одат во барови и ресторани и да прават што сакаат со поголема безбедност, додаде таа. Нов Зеланд, кој беше пример во борбата против Ковид-19, има потешкотии да го потисне ширењето на многу заразна Делта варијанта на вирусот, и покрај тоа што неговиот најголем град Оукленд е под строг „локдаун” повеќе од два месеца.

Инаку, за време на прес-конференцијата, Нов Зеланд беше погоден од земјотрес со јачина од 5,9 степени по Рихтеровата скала, што ја принуди премиерката да подзастане, да се фати поцврсто за говорницата, а потоа му се обрати на новинарот со прашањето: Ах, извинете, мало одвлекување на вниманието – дали би ви пречело да го повторите тоа прашање?

FOREST FAIRY FIVE Episode 13

Website https://animebee.to: Watch Oishinbo: The Japan-America Rice War animebee Episode Full anime stream

Website https://aniwatch.pro: Watch The Familiar of Zero aniwatch Episode 13 watch animes

Watch Dance in the Vampire Bund Episode 12

4Anime Watch anime online, English anime online HD