September 24, 2021 18:50
Хроника

Арачиновци со германска „лагуна“ му го чистеле патот на скопски „голф“ со 20 кг марихуана кај Дебар

На 13.09.2021 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, ОВР Гостивар и ОВР Дебар спроведоа координирана акција, при што се лишени од слобода четири лица и запленети околу 20 килограми марихуана, со вредност од околу 70.000 евра, и три возила.

Полициски службеници од ОВР Дебар кај Бошков мост се обиделе да сопрат патничко моторно возило „голф” со скопски регистерски ознаки  поради сомнение дека во возилото има дрога, но возачот не застанал и се дал во бегство, а по преземени мерки и активности во близина на Скудрински мост  пронајдено е возилото и приведен А.И. (32) од с. Никуштак. Во возилото се пронајдени две големи торби со 20 пакувања марихуана.

Во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, на магистралниот пат Дебар-Гостивар сопрено е патничко моторно возило „рено лагуна” со германски регистерски ознаки, кое имало улога на „чистач” при транспортот, при што се лишени од слобода возачот Б.Џ. (45) од с.Арачиново и Б.А. (34) од с. Арачиново, кој се барал и со потерница за претходно сторено кривично дело.

На 14.09.2021 во врска со овој случај, во  Дебар е лишен од слобода и У.Н. (28) од с. Бањишта. Извршени се и претреси и притоа се пронајдени поголема сума на пари, мобилни телефони и сим картички, а одземени се и три возила.

Од Основото јавно обвинителсто за гонење на организиран криминал и корупција велат дека акцијата била спроведена по двомесечна предистражна постапка. Постапувајќи по кривичната пријава надлежниот обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четворица осомничени за сторено кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори предвидено и казниво по член 215 став 3 од Кривичниот законик.

Ценејќи дека се исполнети условите за определување на мерката притвор, во  текот на денот надлежниот обвинител до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје ќе поднесе предлог за определување на мерката притвор против сите лица.​

Detective Conan: The Sunflowers of Inferno (https://animeheaven.pro/m/ZJL) Episode Full

GoGoAnime: Ayakashi: Japanese Classic Horror anime episode 11 online free at https://gogoanime.be gogoanime attack on titan

Watch Qiang Shen Ji Episode Full

https://wcostream.cc anime websites

Bitsdujour: https://www.bitsdujour.com/profiles/QhqZ7i

Recipes mentaframework: http://recipes.mentaframework.org/user/edit/134232.page