April 21, 2019 20:36
Хроника

Арачиновец со автомобил удрил полицаец

Арачиновец со автомобил удрил полицаец, кој го легитимирал за сообраќаен прекршок, информираше МВР.

Според полицијата, инцидентот се случил вчера околу 16 часот на булевар Крсте Мисирков.

Тогаш полициски службеник бил удрен од автомобил „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.М.(28) од Арачиново. Имено, при обид на полициски службеници да го легитимираат Ш.М. заради сообраќаен прекршок, тој одбил и со возилото го удрил полицискиот службеник.  Ш.М. е приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Нови вести

Воз удри во трактор

Filip

Кумановец избоден со остар предмет

Filip

Двајца Белгијци упаднале во дворот на Генералштабот

Igor