October 14, 2019 01:16
Свет

Арапскиот блок го поддржа Бени Ганц

Арапскиот блок во израелскиот Парламент го поддржа лидерот на Сино-белата партија Бени Ганц за иден премиер на Израел.

Со поддршка од Арапскиот блок, Ганц ќе има повеќе пратеници од поранешнот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Претставници на арапската партија Заедничка листа денеска му соопштија на претседателот Рувен Ривлин дека го предлагаат Ганц.

Заедничката листа на изборите освои 13 од 120 места во Кнесетот и со нивна поддршка Ганц има 57 пратенички места, додека блокот на Нетанјаху има 55.

Поранешниот министер за одбрана Авигдор Либерман, чија партија освои осум места во Парламентот, допрва треба да одлучи кого ќе поддржи.

Нови вести

Сириската војска доаѓа на помош на Курдите

Igor

(Видео) Девет лица загинаа во експлозија во кинески ресторан

Filip

Макрон повика на итен состанок на комитетот за одбрана поради Сирија

Filip