August 20, 2022 02:28
Македонија

Апостолоски: Се` уште има македонски државјани на боиштата во Сирија и Ирак

Во државата до сега се вратени околу 76 лица-македонски државјани борци на ИСИС и сопругите на петмина од нив, со 14 деца. Додека 20 до 30 повратници се` уште се наоѓат по затворите.

Златко Апостолоски, национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам во изјава за „Слободен печат“ потврдува дека се` уште има наши државјани кои се останати во воените жаришта во Сирија и Ирак, но не знае колкава е таа бројка.

– Граѓани кои беа во воените зони секако дека претставуват некаков ризик за општеството со оглед на тоа што учествувале на воени дејства и земале активно учество таму. Но, тие после отслужување на казната затвор се третират како слободни граѓани, врз основа на доброволност може да се вклучат во националниот план за ресоцијализација и реинтеграција. Ако се вклучаат во социјалниот план може да користат некои социјални бенифити со тоа што ќе се вклучат во проектот за ресоцијализација и реинтеграција, кој вклучува и психо-социјална поддршка, а преку Агенцијата за вработување може да влезат во проектите за вработување, како и социјална помош од друга природа, вели Апостолоски.