January 25, 2020 21:51
Скопје

Апостолоски: Наумоски ќе вработува нови 13 партиски пајташи кои општина Ѓорче Петров ќе ја чинат над 6 милиони денари годишно

Интегрален текст од изјава на Данијел Апостолоски, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Ѓорче Петров

„Расипништвото и катастрофалното работење на Александар Наумоски заземаат загрижувачки размери. Ѓорче Петров е општина која што се дави во ѓубре, кал, насекаде никнуваат депонии, граѓаните ги немаат ниту елементарните потреби за нормално функционирање и живеење, а Наумоски ќе вработува нови 13 партиски пајташи кои општина Ѓорче Петров ќе ја чинат половина милион денари месечно, или над 6 милиони денари годишно.

За буџетот со кој располага општината Ѓорче Петров, оваа сума на пари ќе го загрози нормалното функционирање и редовното сервисирање на обврските, за кое што отворено стравуваме дека сериозно ќе го намали нивото на основното и претшколското образование, како и нормалниот тек на работните обврски на општината.

Откако Наумоски е градоначалник, скоро и да го удвои бројот на вработени административци во општината, кои ги плаќаме ние граѓаните, со наши пари. Проекти нема, проблемите не се решаваат, општината не се развива, а заедно со проблемите, расте и револтот на граѓаните. Додека градоначалникот нема пари за вработување на воспитачки во градинките и наставнички во основните училишта, истиот тој најде средства за ситуирање на своите партиски војници.

Наумоски соочен со извесниот пораз кој го чека СДСМ на предвремените парламентарни избори на 12 април 2020 година, а потоа и на локалните избори, брза да ги вработи партиските војници на СДСМ кои треба да бидат платени со народни пари, а граѓаните ќе немаат никаков бенефит од тоа.

Согласно програмата за вработување, Наумовски до крајот на оваа година сака да вработи уште 11-мина, кои без исклучок применувајќи ја досегашната практика, ќе бидат членови и активисти на СДСМ, од кои најголемиот дел ќе земаат плата од локалната самоуправа, а ќе работат во партиските штабови на СДСМ.

Почитувани,

Се додека Наумоски, неговата фамилија и криминалците од СДСМ се богатат на грбот на граѓаните, ќе бидат соочувани со реалноста од секојдневните херои како баба Перса, а ние како ВМРО-ДПМНЕ будно ќе го следиме процесот на вработување, и транспарентно ќе ја известуваме јавноста за сите постапки и за сите избрани кандидати, објавувајќи ги со име, презиме и НИВНАТА ПАРТИСКА ФУНКЦИЈА.“

 

 

Нови вести

Општина Аеродром: Учениците од среда ќе почнат да добиваат топол оброк

Valentina

Општина Карпош е домаќин и главен покровител на 11. Меморијалниот турнир во мал фудбал

Valentina

Градот Скопје почна да ги применува измените за првоз со еколошки такси возила

Valentina