July 26, 2021 03:46
Скопје

Апостолоски: Наумоски вети модернизација, а од Ѓорче Петров направи урбана џунгла

Ѓорче Петров е една од најузурпираните населби од страна на урбаната мафија, но за скандалот да биде уште поголем, главен виновник и поддржувач на бетонизирањето на Ѓорче Петров е градоначалникот Александар Наумоски. Гласот на граѓаните не допира до него, а показател за таквата состојба се стотиците маркици кои се издадени за изградби на нови висококатници во Хром, во Дексион, кај пазарчето во Ѓорче Петров, како и во другите урбани месни заедници во Ѓорче Петров. 

Наместо вложување во патната и подземната инфраструктура, зголемување на капацитетите на атмосферските и фекалните канализации, Наумоски единствено се интересира за бетонизација на општината и договарање провизии со приватните инвеститори кои очигледно подолг период шуруваат со него. Граѓаните немаат вода за домашна употреба поради нарушената и исцрпена водоводна мрежа, немаат каде да ги запишат сопствените деца во градинките низ населбата поради малите капацитети, голем дел од граѓаните се уште газат во кал при секој дожд кој ќе ја зафати општината, а Наумоски преку своите розови очила вели дека општината прераснала во модерна и урбана општина. 

Како наближуваат локалните избори, Наумоски секојдневно се шета низ населените места во Ѓорче Петров и се обидува да ги изманипулира граѓаните фалејќи се со ситни проекти кои не ги задоволуваат потребите на граѓаните, но таквите финти и нереални бајки на неработникот Наумоски не поминуваат. Граѓаните добро ги прочитаа намерите на Наумоски и знаат дека тој е човекот кој е заслужен за четиригодишната стагнација на општината. Од сите ветувања кои што ги вети на граѓаните за задоволување на нивните потреби, единствено ја задоволи сопствената потреба за посетување на локалните кафеани и дружбите со неговите сопартијци. 

Изборите наближуваат, а граѓаните како никогаш досега ќе имаат шанса да го казнат Наумоски за сето зло кое што го нанесе на граѓаните и Општината Ѓорче Петров.

Ѓорче Петров заслужува човек кој ќе биде секојдневно во комуникација со народот и ќе вложи максимален труд за ревитализација и модернизација на општината. 

Watch anime online for free at AnimeHeaven animeheaven unblocked. Jimihen!!: Jimiko wo Kaechau Jun Isei Kouyuu!! Episode 3

https://kissanime.mx kissanime rwby. Sonny Boy & Dewdrop Girl (https://kissanime.mx/m/B6PO) Episode Full

https://gogoanime.be gogoanime online. Lost Utopia Episode Full

KissAnime Faceit: https://www.faceit.com/en/players/kissanimemx