August 2, 2021 20:41
Македонија

Апелација ја потврди пресудата за Боки и Катица за „Рекет”

Апелационен суд Скопје како неосновани ги одби жалбите на обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева за случајот „Рекет” и ја потврди првостепената пресуда.

-Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ -91/20 познат во јавноста под името „Рекет”, донесе одлука со која жалбите на обвинетиот Бојан Јовановски од Скопје и обвинетата Катица Јанева од Скопје, ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди. Вака донесената одлука ќе биде објавена во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите, информираат од Апелационен суд Скопје.

Првообвинетиот во “Рекет”, Бојан Јовановски во јуни лани беше осуден на единствена затворска казна од девет години, а поранешната специјална обвинителка Катица Јанева доби седум години. Во затворската казна им се пресметува времето поминато во притвор. Јовановски е осуден на по пет години затвор за две кривични делa или вкупно десет, или единствена казна од девет години.

Според судот, Боки го искористил познанството со Јанева да влијае врз истрагата против Јордан Камчев, да добие повластен статус во истрагата и да биде ослободен од притвор, а во што влијание имал и Зоран Милески Кичеец. За тоа Боки добил над 1,5 милиони евра од Камчеви, а Јанева од Јовановски добила мебел и 50.000 евра.

Кичеец по брза постапка беше осуден на три години затвор, откако на почетокoт на судењето за „Рекет“ призна дека е виновен, па тој беше издвоен од постапката во која судењето продолжи за Јовановски иЈанева.

На Боки му се суди и за случајот „Меѓународен сојуз“, познат и како Рекет 2.

Во овој случај обвинети се и Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ. Јовановски е обвинет за измама и перење пари. Ременски, како потпретседателка на невладината организација е обвинета за помагање во делото измама, Мандиќ за помагање во измамата и перењето пари/ Миле Јовановски се терети за помагање во перењето пари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје. При претрес во неговиот дом биле пронајдени три полуавтоматски пиштоли и муниција за кои немал дозвола. Како правно лице обвинета е и невладината организација.

Website https://twistmoe.net: Watch Boys Be... twistmoe Episode 13 english anime

Website https://kissanime.mx: Watch Rainbow Signal: Hi-Fi Set kissanime Episode Full god of highschool kissanime

Website https://animetv.cc: Watch Pita-Ten animetv Episode 26 anime tv shows on netflix

Forum umbandaeucurto: https://forum.umbandaeucurto.com/usuario/AnimeFreak

Ignitiondeck: https://ignitiondeck.com/id/dashboard/?backer_profile=101550

Kissanimemx mystrikingly: https://kissanimemx.mystrikingly.com/