Македонија

Апелација донела одлука во корист на Беса на Африм Гаши

Апелација донела одлука во корист на Беса на Африм Гаши

Апелациониот суд донел одлука во корист на крилото на Беса предводено од Африм Гаши, од каде велат дека правдата конечно се вратила и дека се потврдило дека Движењето Беса им припаѓа на своите основачи.

– Апелациониот суд донесе одлука елаборирана во 5 страници, за поништување на првостепената судска одлука и предметот да се врати на разгледување во Основниот суд. Притоа, Апелациониот суд дава и десетина забелешки и препораки, кои Основниот суд не ги земал предвид во првостепената одлука, а ти се клучни за донесување пресуда за предметот. Затоа денес сум тука да ви кажам дека и покрај сите измислици, шпекулации и невистини – кои беа поттикнати од тие кои фалсификуваа и имиња на личности во нивна корист, сепак правдата дојде на своето место, порача генералниот секретар на партијата, Скендер Реџепи.

Од крилото на Касами , пак реагираа дека Судот донел скандалозна одлука, врз основа на фалсификувани документи и дека одлуката е днесена под политичко влијание со влегувањет на одредени лица во Владата.

– Фактот дека Апелациониот суд примил фалсификувани докази, кои не се претставени во првoстепена постапка, и ги примил документите со печат, кој Движењето Беса го прогласил за неважечки, докажува дека овој процес сега се трансформира во чисто политички процес. Јавно ги прашуваме судиите на Апелациониот суд – што ги поттикна да донесуваат таква скандалозна одлука на денот кога се гласаше Владата? Дали учеството во Владата на одредени лица влијаело на нивната одлука, која може да се нарече сè, но не правна и законска одлука – вели портпаролот Абдуш Демири.

Движењето Беса се подели на две крила, едното предводено од Билал Касами, кое остана во опозиција, а другото за претседател го избра Африм Гаши и од пред една недела стана дела од владејачката гарнитура. Двете крила чекаат судска разрешница која Беса ќе ги задржи печатот и логото на партијата.

Нови вести

СДСМ: По хаосот што го оставија ВМРО-ДПМНЕ немаат кредибилитет да зборуваат за препораките од УНЕСКО

Daniela

Столтенберг и Северноатлантскиот совет на НАТО доаѓаат во Скопје

Daniela

Џафери во Ватикан на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“

Igor