December 11, 2019 20:56
Спорт

Апелација денеска не расправала за притворот на Боки 13

 Апелацискиот суд денеска не ја разгледувал жалбата за притворот првообвинетиот во случајот „Рекет” Бојан Јовановски.

Од Апелацискиот суд за МИА, информираат дека денеска не е одлучувано по жалбата за притворот на Бојан Јовановски – Боки 13 и дека е можно да се состанат во среда.

– Беше закажано за денеска, но тој го повлече предлогот за јавна седница и сега ќе се одлучува на нејавана седница. Утре не, можно е во среда да се состанеме, информираат од Апелацискиот суд.

Бојан Јовановски во меѓувреме останува во притвор во КПУ Затвор-Скопје, каде што беше вратен по неколкудневна хоспитализација во Градската општа болница „8-ми Септември”.

Во Кривичниот суд во Скопје утре треба да се одржи првото рочиште за случајот „Рекет” во кој заедно со Бојан Јовановски – Боки 13, обвинети се и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичееч, кои се наоѓаат во домашен притвор.

Нови вести

Барселона се откажа од трката за Лаутаро Мартинез

Filip

Рома ја отфрли понудата на Тотенхем за Џеко

Filip

Зидан: Репутацијата на Реал во Лигата на шампионите е во опасност

Filip