February 27, 2020 15:02
Македонија

Апасиев: ВМРО-ДПМНЕ нема лидерство за да го укине договорот од Преспа

Претседателот на Левица, универзитетскиот професор Димитар Апасиев во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа рече дека црвена линија на Левица за правење коалиција за формирање влада е поништување на Преспанскиот договор.

-Ако фалат на некој нашите пратеници за формирање Влада, Левица на маса веднаш ќе го стави поништувањето на Преспансиот договор. Тоа е нашата црвена линија за коалиција и по цена да не се формира Влада, а и да сме вечно во опозиција, вели Апасиев.

Тој рече и дека ВМРО-ДПМНЕ во однос на промената на името да биле на власт ќе го направеле истото.

-Според моите сознанија, ВМРО-ДПМНЕ се „легнати на брашното“, што се однесува до Преспанскиот договор. Немаат јасен став дали ќе го поништуваат или нема да го поништуваат. Потајно се радуваат дека не им се падна нив да го решаваат спорот со Грција, вели Апасиев.

Според него во време на Груевски никој не се одметнал да направи нешто што не во согласност со политиките на партијата бидејќи пратениците ги „држел“ со меници.

-Во времето на Груевски никој не се одметна да направи такво нешто бидејќи ги држеше пратениците со меници. Оние 8 биле без меници и кажано им е да гласаат. Да беа ВМРО-ДПМНЕ на власт и тие ќе гласаа за промена на името. Сега нема политичко лидерство кај најголемата опозициска партија да се укиние Преспанскиот договор, вели Апасиев.