June 16, 2021 15:11
Магазин

Анџелина Џоли: Долго време сум сама

Анџелина Џоли открива дека ќе биде многу селективна пред повторно да пронајде љубов… среде долга и мачна судска битка за старателство и прилично тежок развод од Бред Пит во 2016 година.

Во текот на интервју за E! News, ја прашаа за можноста да започне нова врска по разделбата со Бред, додека трае правната битка за старателство над нивните деца.

Актерката (45) се пошегува дека е сингл веќе долго време и откри дека нејзините деца ѝ помагаат во самохраното мајчинство.

Анџелина, која со Бред ги дели Медокс (19), Пакс (17), Захара (16), Шајло (14) и близнаците Нокс и Вивиен (12), рече: „Нема ништо ново на љубовен план. Веќе подолго време сум сама.“

Анџелина, која го промовира својот најнов филм Those Who Wish Me Dead, зборуваше за тоа дека е способна да ги воспитува своите деца како самохрана мајка.

„Имам шест многу способни деца. Кога се будам наутро, првата помисла е да се да се осигурам дека се добро. Најважно е тие да се психички добри,“ рече таа, додавајќи дека се чини како да се смениле улогите во последниве години.

KissAnime kissanime one piece: Jimihen!!: Jimiko wo Kaechau Jun Isei Kouyuu!! Episode 3

GoGoAnime tokyo ghoul gogoanime: Bleach (Dub) (https://gogoanime.be/m/oYVE) Episode 366