June 26, 2022 23:08
Македонија

Анѓушев со демант кон ВМРО-ДПМНЕ: Немам никаква поврзаност со „Осломеј”

Изјава на проф. д-р Кочо Анѓушев како реакција на последното соопштение на Комисијата за енергетика на политичката партија ВМРО ДПМНЕ објавено денеска, 19 мај 2022 година во кое што се споменува и неговото име.

Во врска со денешното соопштение до јавноста со наслов „СДСМ го доведе ЕЛЕМ до банкрот, заради тоа се увезува 7-8 пати поскапа струја“, објавен од Комисијата за енергетика на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, каде во невистинит и негативен контекст се споменува моето име, должен сум на јавноста да и го соопштам следното:

Најостро демантирам дека било која компанија во која што јас или моето семејство сме дел од сопственичката структура, има некаква поврзаност со фотоволтаичната централа „Осломеј“. Сите шпекулации кои го пласираат спротивното се неточни и крајно тенденциозни со единствена цел да го нарушат мојот, угледот на моето семејство и реномето на компаниите со кои раководам.

Целото мое професионално и општествено делување е насочено кон домашниот економски развој, постојано инвестираме во воведување на најсовремени и еколошки технологии, а јас лично го вложувам сето мое знаење и капацитет во напорите за вкупна транформација на енергетскиот сектор во систем кој што ќе биде стабилен и одржлив. Компаниите со кои раководам вработуваат над 1.000 луѓе, го полнат државниот Буџет и се мотор на економскиот развој. Нашите производи се извезуваат во 42 земји ширум светот, учествуваме на пазари како САД, Велика Британија, Франција, Германија, Данска, Белгија, Португалија, Австралија и многу други. За овие успеси никогаш не сме барале, ниту ќе бараме привилегии или специјален третман од никого, но најмалку што очекуваме фер, коректен пристап и  да не бидеме злоупотребувани во ничија медиумска и политичка агенда.

Конечно, апелирам до сите политички партии да престанат во нивните дневно-политички препукувања да го споменуваат моето име и семејство. Не сум партиски определен, ниту имам политички амбиции. Бев дел од политичка Влада како предлог на Стопанската Комора и за време на мојот мандат како Заменик претседател на Влада се’ што правев беше исклучиво насочено кон подобрување на животниот стандард на граѓаните и развој на домашната економија. На „Стратегијата за развој на енергетиката во Република Северна Македонија до 2040“ сум особено горд и сметам дека е одличен документ кој треба да служи како патоказ и на оваа и на следните Влади.

 

 

apk go88

game tài xỉu sunwin bí quyết chơi tài xỉu sunwin ông chủ sunwin