August 10, 2022 22:08
Спорт

Анчелоти: Барселона составува врвен тим

Тренерот на шпанскиот фудбалски првак Реал Мадрид, Карло Анчелоти, изјави оти има голем респект за Барселона, која најави борба за трофеи во претстојната сезона, пренесуваат шпанските медиуми.

Анчелоти по вчерашниот дуел против Јувентус (2-0) во Пасадена, разговараше со новинарите за играта на својот тим, но и за Барселона.

Реал не беше многу активен во преодниот рок, додека Барселона, иако има финансиски проблеми, ги ангажираше Роберт Левандовски, Андреас Кристенсен, Френк Кеси и Рафиња.

– Ништо веќе не ме чуди во фудбалот. Тие составуваат врвен тим, но јас се грижам само за својот. Ја почитуваме Барселона, изјави Анчелоти.