January 23, 2021 20:22
Македонија

Антонио Милошоски остана без нотарската лиценца

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски остана без нотарската лиценца, откако
Министерството за правда, поради неговата пратеничка функција му ја одзема дозволата
за работата, односно е разрешен од нотарската служба, дознава „А1он“.

Милошоски решението за нотар го добил уште во 2016 година, но по неговиот избор за пратеник во Собранието на предвремените парламентарни избори истата година во декември, до Министерството за правда веднаш поднел барање за ставање во мирување на службата додека ја извршува функцијата пратеник. Барањето било прифатено и Милошоски, по што само неколку денови откако ја добил лиценцата за нотар истата ја стави во мирување.

На овогодишните парламентарни избори тој повторно е избран за пратеник, со што стариот мандат за народен избраник му истече, а верификуван му е нов. Донесеното решение за мирување на нотарската функција во 2016-тата на пратеникот е донесено врз основ на мандатот пратеник кои сега е истечен, односно почна нов, а ова е една од причините зошто од правда го разрешија од нотарската функција. Милошоски не поднел повторно ново барање на ставање во мирување на нотарската служба.

Дополнително, по добивање на неговата нотарска лиценца во 2016 години, Собранието го
донесе и новиот Закон за нотаријат, во кој не постојат одредби според кој може да има
„мирување во службата“. Исто така според истиот Закон, нотарската служба е неспојлива
со вршење на друга платена јавна функција.
Сепак, Милошовски сега има законско право на ваквото решение на Министерството за
правда да поднесе жалба, но има и можност да поведе управен спор пред Управниот суд.

Fire Force (Dub) Episode 24 at website https://funimationfree.com one piece stampede dubbed

Attack on Titan Final Season Episode 5 at website https://crunchyrollfree.com crunchyroll free