September 29, 2020 05:12
Магазин

Антонио Бандерас изјави дека е позитивен на Ковид-19 на неговиот 60-ти роденден

Шпанскиот актер, Антонио Бандерас изјави дека е позитивен на ковид-19, и оти го слави неговиот 60-ти роденден во карантин. Веста за болеста актерот ја сподели преку социјалните мрежи.

Тој рече дека ќе го помине времето во изолација во читање, пишување, како и „правење планови да почнам да им давам значење на моите 60 години, до кои стигнав со голем ентузијазам“.

На почетокот на оваа година тој беше номиниран за Оскар за неговата улога во „Болка и слава“.