Македонија

Антикорупциска со 150 евра го казни Ден Дончев

Екс директорот на Фондот за здравство заработи парична казна од антикорупциска, објави Сител.

И покрај тврдењата на Ден Дончев во март минатата година дека 3-те милиони денари од австралиска фирма му биле префрлени законски, сепак тој заборавил овие пари да ги пријави и да направи промена на имотната состојба.

Итна антикорупциска проверка ќе претрпи и Законот за игри на среќа. Со пријави до ДКСК и финансиската полиција голем број граѓани предупредуваат дека постечкиот закон остава простор обложувалниците со исплатите на рака  да перат пари и да злоупотребуваат лични податоци.

-Итно да се направи антикорупциска проверка на Законот за игри на среќа и да се направи проверка на законот за регулирање на исплатата во кеш. бидејќи засега со првичнава проверка околу 40.000 евра беа ставени на даночните пријави без да знаат граѓаните. Да побараме промена во законот или да се регулира оваа исплата во кеш, предложи членот на ДКСК Горан Трпеноски.

По барање на антикорупционерите, министерот за земјоделие Аријанит Хоџа е првиот владин функционер кој од страна вицепремиерот за борба со корупцијата, има добиено писмено укажување дека го прекршил етичкиот кодекс.

KissAnime kissanimenz: Watch The Daily Life of the Immortal King Episode 8

AnimeHeaven anime heaven website: Watch High School DxD Episode 9 (https://animeheaven.pro/m/vpV/ep-9)