June 26, 2022 16:50
Македонија

Антикорупциска со истрага против Коста Петров

Антикорупциската комисија отвори предмет против некогашниот директор на Фондот за иновации, Коста Петров.

Предметот е во врска со доделените средства за издавачката куќа „Три“, која е издавач на сите негови книги, меѓу кои и наградуваната „Се гледаме на врвот“.

Претседателката на комисијата, Билјана Ивановска кусо ја потврди информацијата дека по анонимна пријава ДКСК отворила предмет против Петров.
Сепак, вели таа допрва ќе треба да се испита дали постои судир на интереси со оглед на фактот дека оваа издавачка куќа ги печатела сите досегашни книги на Петров. И пред и после неговата функција во власта, пишува ТВ 24.

Петров, пак, вели дека ниту склучил договор со издавачката куќа „Три“, ниту донел одлука за нејзино финансирање. И да сум сакал не сум можел, вели тој, затоа што носењето одлука за финансирање на проекти, воопшто не е во надлежност на директорот туку на Комитетот за одобрување на инвестиции.

-Комитетот ги разгледува и одобрува предлог-проектите доставени до нив, по што донесува одлука за финансирање на доставените проекти. Сето погоре наведено може да се верификува со проверка на целокупната документација која е достапна во Фондот за иновации и технолошки развој,  изјави Петров .

https://go88.gg/

sunwin mod sunwin nạp tối thiểu bao nhiêu tải sunwin