June 27, 2022 20:15
Скопје

Антикорупциска оформи предмет за секретарот на Град Скопје

Антикорупциска оформи предмет за секретарот на Град Скопје, Ѓоко Велковски од ВМРО-ДПМНЕ, а кој во моментот е советник во општина Чаир, објави Фокус , кој пред една недела пишуваше дека постои конфликт на интереси во случајот на Велковски, кој на позицијата е именуван од актуелната градоначалничка Данела Арсовска.

Според документите со кои располага„Фокус“ во случајот постои конфликт на интереси, што е спротивно на член 44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, каде се тврди дека избрано или именувано лице за време на траењето на неговиот мандат е должно да ги почитува правилата за неспоивост на функција, која ја врши со други функции.

По објавата на „Фокус“,регираа и од Антикорупциска комисија каде ни потврдија дека веќе оформиле предмет.

„Во врска со вашето прашање упатено до Државната комисија за спречување на корупцијата, ве известуваме дека во Државната комисија е оформен предмет по поднесена пријава со наводи дека лицето Ѓоко Велковски, покрај тоа што е избрано за член на Советот на општина Чаир истовремено е избрано за Генерален секретар на Град Скопје.

Предметот, согласно Деловникот за работа на Државната комисија, е распореден за работа на член на Државната комисија и постапувањето по истиот е во тек, се наведува во одговорот од антикорупционерите.

Од Град Скопје тврдат дека нема судир на интереси.

„Согласно Законот за Административни службеници член 23 Секретар на Град Скопје по ниво А3 е класифициран како највисок административен службеник. Од таму ве известуваме дека не постои судир на интереси како што е наведено. Не постои неспоивост на функциите секретар на Град Скопје и советник во Општина Чаир“, пишува во одговорот од Град Скопје.

đăng nhập go88 đăng nhập go88 trên web Game Go88 mới nhất 2022 dành cho iphone

sunwin mới sunwin bịp như thế nào kinh nghiệm đánh tài xỉu sunwin