October 20, 2020 01:29
Спорт

Ансу Фати веќе чини 400 милиони евра

Од денес, младиот талент на Барселона, Ансу Фати официјално е дел од првиот тим, со кој неговата откупна клаузула автоматски скока од 170 милиони евра на 400 милиони. Утрово 17-годишниот напаѓач ги потпиша потребните документи со кои повеќе не е дел од вториот тим.

Сепак, неговиот договор е само до летото 2022 година и клубот ќе се обиде да го убеди да иницира нов, во кој е многу веројатно дека ќе биде вклучена уште поголема клаузула.

Фудбалерот роден во Гвинеја-Бисао стана сензација откако дебитираше за сениорскиот тим на Барса пред да запише дуел во „Б” тимот. Тој неодамна беше дел од репрезентацијата на Шпанија. Исто така го држи рекордот за најмлад голгетер во Лигата на шампионите – со 17 години и 40 дена.

Манчестер Јунајтед беше најупорен да го привлече младиот играч.