September 28, 2022 15:29
Спорт

Анри го менува суспендираниот Мартинес на клупата на Белгија 

Помошникот селектор на Белгија, Тјери Анри, ќе го предводи националниот тим на дуелот против Холандија во Лигата на нации, бидејќи шефот на стручниот штаб Роберто Мартинес е суспендиран, соопшти попладнево Фудбалската федерација на Белгија.

За поранешниот фудбалер на Арсенал и француски репрезентативец тоа ќе биде дебитантски натпревар на клупата на Белгија.

Мартинес беше исклучен во судиското продолжение на вчерашниот натпревар во Брисел меѓу Белгија и Велс (2-1).

Холандија и Белгија ќе играат в недела во Амстердам во рамки на последното коло во групата 4 во А – Дивизијата во Лигата на нации, а на белгискиот состав ќе му биде потребна победа со повеќе од три голови разлика за пласман на завршниот турнир.