October 27, 2020 16:15
Свет

Анкета: Само еден од 10 Американци има голема доверба во ФДА и фармацевтските компании

Само еден од 10 Американци имаат голема доверба во Администрацијата за храна и лекови (ФДА) или фармацевтските компании каде треба да се обратат за своите интереси, Тоа се резултати од Аксиос-Ипсос Коронавирус Индекс.

Оваа криза со кредибилитетот – за лекот што треба да не заштити и регулаторите кои имаат задача да го осигураат тоа – покажува колку е тешко да се натераат Американците да се приближат околу вакцината кога ќе дојде време, наведуваат авторите на анлизата.

Тоа исто така ги потенцира опасностите од политизирање на владините агенции кои имаат задача да администрираат наука и да ја штитат јавноста.

„На властите ќе им биде тешко да комуницираат што луѓето треба да прават и како да го прават тоа”, вели Крис Џексон, потпретседател во Ипсос.

„Ќе има огромен организациски предизвик за тоа како да ги натераме луѓето да влечат во иста насока – затоа што на никој не му се верува”.

Сепак, ФДА засега имаат поголема доверба.

Педесет и седум отсто од Американците имаат одреден степен на доверба во ФДА, иако само осум отсто имаат голема доверба. Други 42 отсто рекле дека или немаат многу доверба во ФДА или воопшто немаат.

За фармацевтските компании, ставовите се: 42 отсто имаат одредена доверба во индустријата, иако само 6 отсто рекле дека имаат голема доверба. Во меѓувреме, 57 отсто рекле дека немаат многу или воопшто немаат доверба.

Белците испитаници имаат најмалку доверба во ФДА, најмногу – хиспанците.

Повеќе од половина од испитаниците на возраст од 65 години или постари – но само една третина од возрасните под 30 години – велат дека им веруваат на фармацевтските компании.

Шеесет отсто од урбаните испитаници и 57 отсто од предградијата, но само 49 отсто во руралните области, изразуваат доверба во ФДА.

Кога станува збор за фармацевтски компании, само една третина од руралните жители изразуваат доверба, 10 процентни поени пониска отколку за приградските или урбаните области.

Во врска со новиот коронавирус резултатите се:

– 35 отсто од испитаниците со деца под 18 години велат дека ги испратиле своите деца на часови на школо, додека 54 отсто ги вратиле своите деца за часови преку интернет.

– 64 отсто од Американците велат дека чувствуваат ист ризик од заразување со вирусот како и во април; 15 отѕсто велат дека чувствуваат поголем ризик, додека 20 отсто – помал ризик.

– Околу 9 од 10 испитаници велат дека носат маска и држат растојание од 6 метри од другите.