December 10, 2022 07:03
Балкан

Анкетите во Бугарија преди изборите покажуваат золемена предност на ГЕРБ пред „Продолжуваме со промената“

Анкета на истражувачкиот центар „Тренд“ пред предвремените парламентарни избори во Бугарија покажува дека во 48. Народно собрание се очекува влез на шест партии и коалиции, а уште две се многу блиску до бариерата од четири отсто.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, се зголемува растојанието помеѓу ГЕРБ-СДС и „Продолжуваме со промената“. Според анкетата, ГЕРБ-СДС би добила 25,7 отсто од гласачите, а „Продолжуваме со промената“ 16,4 отсто. Истражувањето покажува изненадување што на трето место е „Преродба“ со 13,9 отсто, зад неа е „Движењето за права и слободи“ со 11,9 отсто, Бугарската социјалистичка партија со 8,7 отсто и „Демократска Бугарија“ со 7,6 отсто.

Малку над влезната бариера се „Има таков народ“ на Слави Трифонов 4,4 отсто и „Бугарски подем“ на поранешниот вршител на должноста премиер Стефан Јанев 4,2 отсто.

Под прагот за влез во новото Народно собрание се „Исправи се Бугарија“ на поранешната народна правобранителка Маја Манолова – два отсто, а ВМРО-БНД 1,1 отсто. Анкетата на „Тренд“ е спроведена од 21 до 27 септември меѓу 1.001 полнолетен граѓанин во Бугарија и е нарачана од весникот „24 Часа“.