August 18, 2019 21:50
Балкан

Анкета: Нова демократија со предност од 7,6 отсто пред СИРИЗА

Најголемата грчка опозициска партија Нова демократија има предност во популарноста од 7,6 отсто пред владејачката СИРИЗА, покажуваат резултатите од новото истражување на јавното мислење. спроведено од агенцијата за рејтинг МАРЦ за грчката телевизија Антена, јави дописничката на МИА од Атина.

Според анкетата, на претстојните избори за Европскиот парламент, закажани за 26 мај, за Нова демократија би гласале 29,3 отсто од испитаниците, а за СИРИЗА со 21,7 проценти. Потоа следуваат Движењето на промена со 6,3 отсто, Златна зора со шест проценти и Комунистичката партија на Грција (ККЕ) со 5,1 отсто поддршка. Останатите партии имаат поддршка од под три проценти.

Во однос на последниот пакет владини позитивни мерки, шест од 10 Грци оценува дека тие „не се толку важни” или „воопшто не се важни”, додека 36,9 проценти смета дека се „многу или доста важни”.

На прашањето дали СИРИЗА или Нова демократија е подобра за економската ситуација на домаќинството, 40,2 проценти се изјасниле за влада на Нова демократија на чело со Кирјакос Мицотакис, а 27,9 отсто за влада на СИРИЗА предводена од Алексис Ципрас.

Истражувањето на агенцијата за рејтинг МАРЦ за грчката телевизија Антена било спроведено од 10 до 14 мај и со него биле опфатени 1.292 лица.

Нови вести

Грчкиот митрополит што организираше протести против Преспанскиот договор си поднесе оставка

Igor

Баша: Рама најкорумпиран премиер на Балканот

Igor

Масакр во Романија: Пациент во психијатриска болница убил четворица и повредил девет пациенти

Igor