January 24, 2020 06:28
Свет

Анкета: Европејците, Кинезите и Американците подготвени помалку да патуваат со авион заради заштита на климата

Мнозинството Европејци, Кинези и Американци оваа година планираат помалку да патуваат со авион со цел намалување на емисијата на штетни гасови и спречување на климатските промени, се наведува во денеска објавеното истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ).

Во анкетата на ЕИБ, 36 отсто од Европејците рекле дека и во текот на празниците помалку патувале со авион поради климатските промени, додека 75 отсто планираат тоа да го направат годинава.

Бројот на испитаници во Кина кои планираат помалку да патуваат со авион годинава изнесува 94 отсто, а во САД 69 проценти.

На авиоиндустријата отпаѓа нешто помалку од два отсто од вкупната емисија на штетни гасови, а контрола на загадување е неопходна поради очекуваното зголемување и растот на бројот на патници во авио-сообраќајот.

Со анкетата на ЕИБ опфатени се вкупно 30 илјади испитаници во 28 држави од ЕУ, САД и Кина. Спроведена е во периодот од 27 септември до 21 октомври минатат година.

Нови вести

Гутереш: Ја губиме војната против климатските промени, постои закана за опстанок на човештвото

Filip

Стотици мигранти ја минаа границата на Гватемала со Мексико

Filip

Стејт департментот со предупредување за оние кои патуваат во Кина

Filip