Магазин

Анкета ги означи Британците како „туристички хулигани“

Американците долго време важеа за најомразени туристи во светот, но денес ситуацијата е поинаква.

Се чини дека последната сезона приматот го презедоа Британците.

Имено, истражувањето спроведено од порталот Living Social покажа дека повеќето луѓе во светот ги сметаат Британците за најлоши туристи, пренесе „Б92“.

Покрај тоа, дел од испитаниците ги прогласиле Британците за туристички хулигани, а анкета спроведена од Skyscanner ги прогласи за најлоши во дури пет категории за кои се наведени причини, од кои главната е „пијани се и не ги почитуваат законите“.

Интересно е тоа што Британци биле и повеќето од учесниците во анкетата, што значи дека голем дел од нив не сакаат на патување да заминат со свои сонародници.

Истражувањето „Експедиа“ од 2009 година ги постави Французите како најомразени туристи бидејќи се „груби, непристојни и имаат аверзија кон странските јазици“.

Истата година, друга компанија врз основа на испитување на патници од целиот свет дојде до заклучок дека Русите се всушност најмалку посакувани посетители, бидејќи тие се „бучни и алчни, крадат лежалки и одат преку ред на шалтерите“.

Нови вести

Авторот на книгата „Вилијам и Кетрин“: Принцот ја третираше Кејт како слугинка пред да се венчаат

Filip

Педесет години Алан Форд – Подобро нечесно бегање отколку чесен пораз

Filip

Во Рим откриена сочувана глава од античко божевство

zane