October 18, 2021 13:39
Балкан

Анкета во Грција за политичката определба на невакцинираните, предизвика реакции

Резултатите од анкетата на агенцијата „Alco” спроведена за телевизијата Open, според кои 23 отсто од невакцинираните гласаат за СИРИЗА, предизвика реакции во Грција и обвинувања меѓу власта и опозициската партија, јави дописничката на МИА од Атина.  Според истражувањето на јавното мислење, за кого гласаат оние кои не се вакцинирани, од партиите кои на минатите избори добија место во Парламентот, 23 отсто добива СИРИЗА, 12 проценти Грчко решение (чиј претседател е антиваксер), а седум Нова демократија.

Од останатите партии, шест отсто има Златна зора, додека пак вкупно 42 процента од анкетираните се оние кои или не гласаат/гласаат со неважечко ливче (18 отсто), кои одговориле друга партија (13 отсто) или се неодлучни (11 проценти).

Портпаролот на СИРИЗА Насос Илиопулос преку неговиот официјален фејсбк-профил напиша дека „онаму каде што сите гледаат разочарани борци за Македонија и фанатични верници, „Alco” ја гледа СИРИЗА”, алудирајќи на коментарите во Грција дека протестите на антиваксерите во однос на составот наликуваат на оние против Договорот од Преспа.

– Со нетрпение ја очекуваме следната анкета што ќе ни открие дека на крајот гласачите на СИРИЗА се против Договорот од Преспа, напиша Илиопулос.

Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, преку неговиот официјален твитер-профил коментираше дека „СИРИЗА е прва партија кај невакцинираните” и дека „работата со месеци на членовите и поранешните министри од партијата, се чини дека носи резултат”.

– Да се жалат кога според истражувањата се втори, но и кога се први? Ова ме надминува, коментираше Иконому споделувајќи наслов од ставот на портпаролот на СИРИЗА.

Истражувањето било спроведено од 13 до 17 септември со вклучени 1.000 лица од цела Грција.

Symphogear (https://wcostream.cc/m/x5Zj) Episode 13

TwistMoe Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Animepahe: Re: Hamatora: Season 2 (Dub) anime episode 12 online free at https://animepahe.cc english anime

Website https://animefreak.ws: Watch Hello Jadoo Special: The Little Mermaid (Dub) animefreak Episode Full animefreak death note

Multichain: https://www.multichain.com/qa/user/kissanimemx

Hubpages: https://hubpages.com/@gogoanimebe