October 14, 2019 01:50
Балкан

Анкета:Китаровиќ води во трката за претседател на Хрватска

Ако сега се одржат претседателки избори во Хрватска, актуелната претседателка и кандидатка на ХДЗ Колинда Грабар-Китаровиќ би освоила 28,5 отсто од гласовите, кандидатот на СДП Зоран Милановиќ 24,8, а на трето место е независниот кандидат Мирослав Шкоро со 18,2 проценти од гласовите, покажа анкета на ХРејтинг.

Резултатите на ХРејтинг, за која истражување спроведува агенцијата Промоција плус, ги објави Хрватската радио телевизија. Во меѓувреме, поранешниот хрватски премиер Милановиќ вчера ја прекина изборната кампања поради смртта на неговиот брат Крешимир, и соопшти дека ќе му се посвети на семејството.

Пред помалку од еден месец почина и таткото на Милановиќ поради што тој една недела се повлече од политичкиот живот.

Нови вести

Орбан ги загуби изборите во Будимпешта

Igor

Алергиски реакции кај службениците кои броеле гласови во Косово

Filip

Рама за „Ајриш Тајмс”: Не сум оптимист за почеток на преговорите

Filip