October 22, 2020 08:08
Балкан

Анкара одговори на обвинувањата на Макрон

Министерството за надворешни работи на Турција одговори на обвинувањата на францускиот претседател Емануел Макрон и порача дека „тие изјави се само одраз на личната слабост на Макрон и безнадежноста во која се наоѓа”, јави агенцијата Анадолија.

– Францускиот претседател Макрон, по стар колонијалистички рефлекс, повторно арогантно даваше изјави и се обиде да држи лекции од висина. Всушност, неговите изјави се само одраз на неговата слабост и безнадежноста во која западна, се наведува во соопштението.

Во соопштението понатаму се наведува дека „поминало времето кога Франција можела да прави што сака низ целиот свет”.

– Макрон, чии валкани игри ги уништивме и ги спречивме сите итри надворешнополитички планови, сега гневно ја напаѓа Турција и нашиот претседател. Нашиот претседател е еден од лидерите кој на функција е избран со најголема поддршка од гласачите во Европа и тој секогаш сила црпеше од турскиот народ. Турскиот народ и Владата секогаш беа и ќе бидат единствени наспроти ваквите напади, стои во соопштението.

Според Анадолија, во соопштението се нагласува дека „Макрон не е човек кој може да одредува поморски граници на Медитеранот или во некој друг регион на светот”, и се додава дека „Франција би требало да биде поборник за дијалог и договори, а не да се занимава со слепата поддршка на Грција и Јужен Кипар кои со еднострани подбуцнувачки чекори ја направиле ЕУ заложник на нивните тесногради и кратковиди интереси”.