April 21, 2019 20:41
Спорт

Андреску сензационална победничка во Индијан Велс

Тинејџерката од Канада Бјанка Андреску е сензационалната победничка на мастерсот во Индијан Велс. Андреску, 60 на ВТА листата, во финалето ја победи Германката Анжелик Кербер со 2:1 (6:4, 3:6, 6:4). Мечот траеше два часа и 18 минути.

18-годишната Канаѓанка потенцијалот го најави на Австралија опен, а во Индијан Велс ја збриша конкуренцијата.

На патот до финалето таа ги победуваше Ирина Бега, Доминика Цибулкова, Стефани Фогел, Џијанг Ванг, ја декласира Гарбиње Мугуруса со 6:0, 6:1, а во полу-финалето ја победи Елина Свитолина.

Андреску сезоната ја започна на 178 место, во Индијан Велс дојде како 60 во светот, а од денес се наоѓа на 24 позиција на ВТА листата.

Нови вести

Манчестер јунајтед постави негативен рекорд

Filip

Дебакл на Јунајтед на гостувањето кај Евертон

Filip

ПСЖ нуди 65 милиони фунти за Заха

Filip