June 28, 2022 13:21
Магазин

Андреа ја делеше едно скалило од пласман во финалето на Евровизија

Македонската претставничка на Евровизија, Андреа Коевска која во втората полуфинална вечер настапи со песната „Circles“ го освоила 11-тото место, покажуваат податоците од гласањето.

Во финалето се пласираа 10 земји со најголем број на гласови, со што македонската претставничка не успеа да се квалификува за само една позиција.

Според податоците, таа освоила 76 поени, од кои 56 од жири комисијата и 20 од телефонското гласање на публиката.

Вчера во Торино, Италија се одржа финалето на музичкиот натпревар каде победи Украина со песната „Стефанија“. Во финалето учествуваа претставници на 25 држави.

https://tai.go88.is/

https://tai.sunwin.gg/