November 12, 2019 12:47
Спорт

Андоновски со победничко деби ја почна селекторската функција

Влатко Андоновски – Шате, новиот селектор на женската фудбалска репрезентација на САД, дебитираше со победа на новата функција во пријателскиот натпревар против Шведска (3:2) кој се одигра во Колумбус.

Избраничките на Андоновски за половина час игра обезбедија водство од 3:0, а потоа Швеѓанките успеаја да го ублажат поразот. Актуелниот светски првак САД со победа против најголемиот ривал во женска конкуренција Шведска, му овозможил на макеоднските стартег да ужува во селекторската функција.

-Возбудливо, забавно – уживав! Уживав во секоја секунда. Уживав во секој тренинг, уживав во гледањето на видеа, на интеракцијата со фудбалерките, со стручниот штаб, со секој посебно од нив. Ова е е едно поинакво ниво – порача Андоновски по дебито на клупата кај чртирикратниот светски првак во ќенска конкуренциоја.

Нови вести

Надал: Не бев доволно добар

Igor

Македонските надежи домаќини на претквалификациски турнир за ЕП

Igor

Стерлинг: Нема повеќе да правиме такви работи

Igor