June 14, 2021 08:44
Македонија

Андоновски: Со лажните пасоши кои СДСМ ги делеле на светски криминалци се случувале убиства во Европа 

Седат Пекер вчера изјави дека одлично стои со лидерот во Македонија, односно премиерот. Никој не демантираше дека немале средби, а тој сам се фалеше. Сликите говорат и дека имал средби со коалициони партнери на СДСМ. Фактите говорат и дека за пасош се сликал кога е СДСМ на власт, изјави Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ за Топ Тема на Телма.

Андоновски истакна дека во Македонија повеќе се одговара за украдени 10 ќебапи , отколку за производство на лажни пасоши на светски криминалци.

– Со тие пасоши извршени се и убиства во источна Европа. Човекот кој ги правел пасошите одговара за 2 години, а некои и добија помалку, а не одговараа за фалсификување или крадење на лични податоци, рече Андоновски.

Според него ова што се случува не е недостаток на системот, бидејќи во друг случај видовме како министерот за внатрешни работи се фотографира пола подземје од Сарај и Сингелиќ во однос на акцијата „Планина” која беше пробиена три дена претходно.

– Со  новата методологија на ЕУ нема да смее да ни се случуваат спорни набавки во МВР, затоа што ЕУ ќе има увид и ќе реагира. На пример градоначалник прави поткуп на избори, никој не го санкционира, не се процесуирани ни 30 кривични од изборите, на такви работи ЕУ ќе алармира и нема да смеат да ни се случуваат примери како Ден Дончев и Рашкоски, нагласи Андоновски 

AnimeHeaven animeheaven attack on titan: Redo of Healer (https://animeheaven.pro/m/lYKB) Episode 12

KissAnime konosuba movie kissanime: Horimiya (https://kissanimeonline.com/m/j0yM) Episode 13