April 11, 2021 11:31
Македонија

Андоновски: СДСМ е очајна па удира по младите, без никакво образложение во полициска станица беа задржани повеќе членови на Унијата на млади сили во Пробиштип

Почитувани,

СДСМ е очајна па удира по младите, денеска власта на Заев без никакво образложение ги држеше во полициска станица повеќе членови на Унијата на млади сили во Пробиштип. Причината за нивното приведување е искажување на политичка мисла против локалната власт во Пробиштип и нивната неспособност. СДСМ ја нема поддршката на граѓаните, а особено од младите и затоа удира по младите.
СДСМ константно спроведува политички прогон врз сите неистомисленици.
Но и покрај тоа бидете сигурни дека не можете да ги покриете вашите лоши политики со спроведување на терор и сеење на страв. Младите нема да ги исплашите! Младите се носители на промените.
Почитувани господа од власта ние младите ви порачуваме дека за целото незаконие, лажни ветувања како на локално така и на централно ниво ќе одговарате и тоа за многу брзо.
Нема да не уплашите и нема да не сопрете!
Ќе бидете победени!
Македонската пролет доаѓа!

Attack on Titan Final Season (Dub) Episode 8 at Crunchyroll my hero academia dubbed vrv

Jimihen!!: Jimiko wo Kaechau Jun Isei Kouyuu!! Episode 3 at AnimePlanet boku no hero academia anime planet

AniWatch