Македонија

Андоновски: Властите се обидуваат да ја манипулираат јавноста, Бугарија го диктира процесот на преговарање

Јас ќе зборам за овој тип на манипулација која што му се случува на македонскиот народ, односно властите се обидуваат да ја манипулираат македонската јавност односно да се поигруваат или да ја навредуваат интелигенцијата на граѓанството. И тоа го прават по четири клучни столба кои што можам да ги забележам, два се повеќе процедурални, а два се повеќе суштински, вели Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина во организација на ВМРО-ДПМНЕ насловена како „Заштита на националните и државни интереси, наместо пазар дипломатија”.

Андоновски истакна дека бугарскиот премиер Петков го диктира процесот на преговарање, додека македонските власт се однесуваат како неми набљудувачи и независни аналитичари, укажувајќи дека има чувство на инфериорност кај власта.

Прво треба да забележиме дека Кирил Петков како премиер на Бугарија е оној кој го води процесот на преговарање, оној кој ја диктира агендата, ги диктира прашањата кои што ќе се дискутираат, оној кој ги диктира комисиите кои што ќе бидат формирани, кој ќе учествува во нив, мандатот, прашањата кои ќе треба да се затворат како и роковите. Од нашата страна, нашите власти се однесуваат како да се или неми набљудувачи или независни аналитичари, без воопшто да имаат било каков ефект внатре во учеството. Замислете дури не учествуваа ни во селекцијата на тоа каде ќе се одржуваат средбите прво, а каде следната или средбата потоа, дециден е тој.

Имам едно чувство на инфериорност кај нашите носители на одлуки, порача Андоновски.

Имаме целосна доминација и изместување на оската, а знаете во меѓународната дипломатија, па и во преговорите како процес мора да имате две сериозни страни еднакво потковани за процесот доведе до еднаков избалансиран резултат. Не може да очекувате избалансиран резултат кога имате не избалансиран процес, смета Андоновски.

Андоновски вели дека очекувал некое пологично правно резонирање во однос на изјавата на Бојан Маричиќ во однос на Бујар Османи, кој е министер за надворешни работи, бидејќи Маричиќ бил правник, додека Османи хирург.

Вториот аспект е нешто што ја навредува интелигенцијата затоа што ги диктираат процесите еден правник и еден хирург. И сега од хирургот во Министерството за надворешни работи може и да очекувате неумесни изјави кои што немаат допирна точка со правната реалност, но од правникот кој што беше во Министерството за правда, а сега во Секретаријатот за европски прашања би очекувале некое пологично правно резонирање и во таа смисла е она кое што долго време не навредуваат дека со Бугарија нема да има нов договор, а сега лесно се преминува дебатата дали новиот договор кој што ќе биде потпишан со Бугарија ќе помине во Собранието со двотретинско мнозинство или не, објасни тој.

Во однос на суштинските аспекти, Андоновски вели дека сега има нешто повеќе од португалскиот предлог, додвајаќи дека тој предлог бил прифатлив од македонската страна, но отфрлен од Бугарија односно како што рече тој истиот е ставен во фиока, а се дискутира за промени кои што значат промени во идентитетските обележја.

Да преминам кон по суштинските аспекти. Првиот суштински аспект е дека сега имаме нешто повеќе од португалскиот предлог. Исто така ќе ве потсетам дека цела 2021 година бевме убедувани дека португалскиот предлог е единственото нешто за што преговараме, кога знаеме дека уште првиот ден португалскиот предлог кој одеше на заштита на дел на македонските права беше отфрлен од Бугарија. Тие продолжија да дискутираат, а беше прифатен од македонска страна дека е одлична основа за продолжување на преговорите. Сега португалскиот предлог е ставен на ад акта и ние дискутираме за повеќе од меѓународно прифатените правила на игра, односно дискутираме за промени кои што значат промени во идентитетските обележја и не е случајно голем број на поранешни претставници од власта повеќе не се дел од истата, затоа што ова е навредливо дури и за нив, за луѓето кои што беа дел од грчкиот договор, кажа Андоновски.

И последната суштинска разлика на кое што се удираат македонските национални интереси е едно начело во правото на ЕУ кое што вели директна примена на правилата. Македонија исто како и Бугарија се потписни на Европската Конвенција за човекови права. Како правен документ има директна примена во правниот поредок на Република Македонија, исто како и било кој системски закон кој што го имаме. Од тука да очекувате и да се мешате во правата на Македонија и македонскиот уставен поредок за да таа го менува истиот, а во исто време не ги почитувате правата на Македонците кои што живеат во Бугарија, кои што се заштитени по таа конвенција која што вие сте ја ратификувале, освен што е политички некултурно, оди против сите правила на меѓународното право. Но, она кое што мене повеќе ме навредува не е бугарскиот став дека тие нема да ги почитуваат пресудите на судот во Стразбур, туку е македонскиот став дека ние немаме право да ги заштитиме токму тие права кои се гарантирани од Советот на Европа, од Судот за човеков права, потенцираше Андоновски.

anime website. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

anime websites My Hero Academia Season 4

anime streaming AnimeFreak Fairy Tail (Dub)

watch animes Naruto (Dub)

That Time I Got Reincarnated as a Slime

AnimeFreak My Hero Academia Season 3 Episode 25