April 15, 2021 10:50
Македонија

Андоновска: За ветените вакцини кои никако да пристигнат одговорност мора да има од Филипче и Заев

Интегрален текст од „Коментар на денот” на Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

„Додека бројката на заразени од КОВИД-19 од ден во ден се зголемува, Филипче и Заев не мрднуваат со прст за да набават вакцини и бесрамно лажат гледајќи не сите во очи. Дека наскоро ќе стигнат вакцините граѓаните слушаат секој ден. Но, тоа наскоро, за жал за граѓаните веќе не значи ништо!

Во ситуацијата во Македонија едно е јасно, вакцини нема за оние кои што сакаат да се вакцинираат!

Секој мора да има право на избор! Граѓаните тоа право, во Македонија го немаат, а за тоа е директно одговорен Заев и Филипче.

Ако се споредиме со Србија, досега има набавено околу два милиони вакцини, 1.500.000 од „Синофарм“, околу 250.000 од „Спутник“, 220.000 вакцини од „Фајзер“ и од „Астра Зенека“ околу 150.000 вакцини. Ако се споредиме со Црна Гора, таа досега има набавено околу 37.000 вакцини. Црна Гора има околу 30.000 вакцини од „Синофарм“, а и донација од Србија доби околу 2.000 вакцини од „Спутник“. Ако се споредиме со Албанија, таа досега има набавено околу 33.000 вакцини кои сите се од „Фајзер“. Ако се споредиме со Босна и Херцеговина, таа досега има 32.000 вакцини. 22.000 вакцини се од „Спутник“, и 10.000 на „Астра Зенека“ како донација од Србија.

А, Македонија за жал има само околу 8.000 вакцини и тоа како донација од Србија. Со ова Македонија е на дното во регионот по набавка на вакцини и вакцинирање.Филипче и Заев не само што покажаа, туку и докажаа дека не се способни, и дека не се заинтересирани. За ветените вакцини кои никако да пристигнат, за загрозување на јавното здравје, за секој загубен живот, за хаосот во здравството, одговорност мора да има!

https://www.youtube.com/video/m2sNCHY8lXw/edit