December 9, 2018 20:49
Македонија

Андов: Одговорноста за нерасветлување на атентатот на Глигоров е на Црвенковски и Фрчковски

Поранешниот претсеател на Собранието, Стојан Андов вели дека стои зад она што е напишано во книгата „До атентатот и по него“ и што кажал дека тогашниот министер за внатрешни рботи, Љубомир Фрчкоски е одговорен што не е расветлено убиството. Книгата, која е објавен деновиве ја разбранува јавноста откако Андов во неа пишува за несогласувања со Бранко Црвенковски, но особено со Фрчкоски.

Андов за Канал 5 прво одби да каже што напишал во книгата, а потоа за колумната на Фрчковски за порталот Либертас, во која тој му одговара за обвинувањата, Андов рече дека не чита колумни на Фрчковски , а ги отфрли и обвинувањата на Мане Јаковлевски,  кој е еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, дека токму тој е еден од виновниците за атентатот на Киро Глигоров.

-Откако му  прочитавме дел од колумната напишана од Фрчковски, Андов се премисли па рече дека Фрчковски како министер за внатрешни е одговорен што не е расветлено убиството, пишува Канал5. Повеќе на следниот ЛИНК .

Андов и за ТВ Алфа рече дека е срамно што 23 години по обидот за убиство врз Киро Глигоров да нема ни осомничен.

-Грда работа е што никој ништо не успеал да открие. Бегаат. Не се открива ништо. По 23 години, државата остава, за случајот да нема осомничен, нема ни истрага водено по истиот. Тука лежи моето сомневање, затоа ја напишав книгата. Ладнокрвно се преживеа сè, ниту мува не ги лази за тоа што и како се случи, вели Андов.

Последен пат, Андов, заедно со Фрчкоски бил повикан на распит во 2001 година.

-Освен мене, ги повикаа и Глигоров, Црвенковски и Фрчкоски . Јас знам што кажав, но не знам за другите. А дел од исказите на Киро Глигоров беа објавени и јавно, во весник, кој постоеше многу кратко време. Таму беше посочено сè за авантуроте на Фрчкоски со врвниот грчки шпион, генералот Николаос Грилакис, изјави Андов.

 

 

 

 

Related posts

Чавков почнал штрајк со глад во затворот во Шутка

24news

Приведените за „Империја“ почнаа да пристигнуваат во суд

Valentina

Анкета на ИРИ: Голема поддршка за ЕУ и НАТО пред референдумот

24news