August 12, 2020 14:56
Спорт

Андерсон нема да игра на УС Опен поради повреда на коленото

Тенисерот од Јужна Африка, Кевин Андерсон, најави дека нема да учествува на УС Опен поради повреда на коленото.

Според „АФП” 33-годишниот тенисер немал време да се опорави до почетокот на турнирот, а тој ќе биде заменет со Италијанецот Паоло Лоренци.

Андерсон нема настапувано уште од Вимблдон, каде се повреди во третото коло. Тој ги пропушти турнирите во Вашингтон, Монтреал и Синсинати.